Прилепчанка растури со убавина во Бејрут (ФОТО)

Прилепско чупе е меѓу најдобрите топ модели во Либан. Елена Петреска ја освои титулата мис за Европа на изборот за убавина „World nekst top model 2018“ што се одржа во Бејрут.

На изборот учествувале 35 девојки од светот. Елена е членка на Модното студио Црнокрак, кое поседува лиценцата за Македонија за овој интернационален избор за убавина и модели. За награда доби договор за работа како модел во Либан и уште неколку други држави.

Таму беше заедно со скопјанката Симона Станковска која е прогласена за петта придружничка. И двете успеаја да освојат титули.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.