Прилепчани ќе ја претставуваат Македонија на најпрестижната светска трка до “покривот” на Европа, Мон Блан

Мери Мирческа и Александар Стојкоски ќе го претставуваат Прилеп и Македонија на најпрестижната светска трка во планинско трчање во Шамони, Франција, во подножјето на „покривот” на Европа, Мон Блан.

Трката што ќе се одржи на 30. Август, 2019 година. Должината на патеката е 171 км.. Оганизацијата е на Меѓународната асоцијација за трчање во планина (ИТРА).

Двајцата спортисти ќе учествуваат на најпрестижната трка во планинско трчање.

Минатите три години Мирческа и Стојкоски учествувале на повеќе трки во земјава и странство, стекнувајќи доволно поени за учество на трката во Шамони, Франција.

Добитници се на Третоноемвриска награда за спортски достигнувања последователно во 2016 и 2017 година.

Двајцата се рангирани како најдобри планински тркачи во Македонија во женска и машка категорија.

Извор: “Неделник Зенит”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.