ПРИЛЕПЧАНИ СО ОГРОМНО СРЦЕ! На концертот за Сара собрани речиси 2,5 илјади евра

Сара боледува од апластична анемија, болест која ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот.

Нејзиното 13-годишно братче Виктор е единствен сроден донатор, кој ќе ѝ донира коскена срцевина. Меѓутоа, за трансплантацијата потребни се над 200.000 евра кои родителите не можат сами да ги обезбедат. Оперативниот зафат планирано е да биде направен на детска клиника во Германија.

Покажете ја вашата хуманост и заедно да ѝ помогнеме на Сара да продолжи да му се радува на животот.

Телефони за донации:
TELEKOM: 143 102
VIP: 143 480
(со секој повик донирате 100 ден.)

Жиро сметка: 200 0015579596 72
Банка: Стопанска банка АД Скопје
Горан Настески

За 15-годишното девојче од Охрид се разбуди цела Македонија, а во хуманитарната акција се вклучија и прилепчани.

Синоќа во фоајето на домот за култура “Марко Цепенков” се организираше хуманитарен концерт на кој настапија повеќе музичари.

Настанот беше во организација на “ЈАВЕН ПРОСТОР ПРИЛЕП”, “КАФЕ ЧОШЕ”, “ЛУНА ТРИНИТИ” и со поддршка од Домот за култура “Марко Цепенков”.

Од бендот “Тhe Hounds” објавија дека на настанот биле собрани 144 652 денари за Сара.

Во продолжение дел од атмосферата на концертот “Прилеп за Сара”:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.