Прилепчани одново ќе се поклонат пред хероите од “Битката на Ножот”: Утре организирано искачување до врвот

На “Ножот” во близина на селото Ракле прилепско, утре ќе се одржи панихида во чест на загинатите херои од битката на 14-ти јули 1907 година.

Битката на Ножот е една од најголемите во периодот после Илинденското востание.

Прилепчани утре одново ќе се поклонат на делото и храброста од 54 млади Македонци, кои во борба против 3000 турска војска, ја испишаа највеличествената страница на македонската историја по Илинденското востание, саможртвувајќи се на каменестиот врв “Ножот”.

Тргнувањето од Прилеп за Ножот е утре, (14.07.2019), во 06:30 часот пред зграда “Табана”.

Во продолжение погледнете како изгледаше одбележувањето на овој настан пред 2 години:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.