Прилепчанец го извлече најдебелиот крај после карамбол во Ресен

На 30.10.2018 година околу 14.05 часот на улица „Корчуланска“ во Ресен се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Цитроен Берлинго“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(28) од Ресен, патничко возило „Форд Ексорт“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ш.М.(43) од Битола и патничко возило „Опел Вектра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.М.(28) од Прилеп.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „Опел Вектра“ и му била укажана лекарска помош во Клиничката болница Битола.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Ресен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.