Прилепчанецот Зоран Пиловски донесе златна плакета за својот филм “Слатки соништа” од Хрватска (ФОТО)

Филмот “Слатки соништа” на прилепчанецот Зоран Пиловски освои специјалната златна плакета на УНИКА на Хрватскиот фестивал на едноминутен филм, кој од 24 до 27 мај се одржа во Пожега.

Сторијата за бездомникот кој сонува за богата трпеза со празен стомак беше во топ десетте филмови на фестивалот, на кој учествуваа 494 филмови од 44 земји од светот.

Успехот за Пиловски е уште поголем ако се има во предвид дека во жирито на фестивалот бил и Алан Старски, човек кој има добиено оскар за сценариот во филмот “Шиндлеровата листа” на Стивен Спилберг, како и награда за сценариото во филмот “Пијанист”.

Пиловски успеа за една минута да претстави цела една приказна и во 60 секунди да долови многу за гледачите.

Инаку, посебната награда на УНИКА која ја доби филмот „Слатки соништа“ се доделува за промовирање на разбирањето меѓу народите и новиот начин на филмското изразување .
Хрватскиот фестивал на едноминутен филм е реномирана манифестација во светски рамки кој што годинава го имаше своето 26 то издание.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.