Ротари клубот од Прилеп донираше пет професионални ролери на Домот за стари лица „Киро Крстески Платник“, со цел да придонесе кон подобрување на условите за престој на корисниците и олеснување на работата на вработените.
Од клубот информираат дека во моментот во установата престојуваат 135 корисници, а ваквата донација е дел од нивните континуирани активности насочени кон поддршка на локалната заедница.
„Ќе продолжиме да обезбедуваме опрема и средства за оваа значајна установа и да придонесуваме за подобри услови за нејзините корисници“, порачаа од Ротари клубот.
Со оваа донација уште еднаш се потврдува важноста на хуманоста и заедничката грижа за повозрасните сограѓани.
























