Претставници на Европската банка во посета на пречистителната станица во Прилеп (ФОТО)

Во текот на вчерашниот ден на состанок и во посета на пречистителната станица на ЈКП „Водовод и канализација“Прилеп беа претставници на Европската банка за обнова и развој(EBRD) г-н Дејвид Талер – информираат од јавното претпријатие.

-Целта на ваквата посета беше да се увиди ефикасноста на функционирањето на пречистителната станица, што е превземено од страна јавното претпријатие за подобрување на ефективноста, како и кои се потребите за унапредување на истата.

Од страна на директорот Игор Гулабоски претставниците на EBRD беа запознати со проектот за изградба на таложник на колекторскиот систем на ПСОВ во вредност од 8.250.147ден. средства обезбедени преку Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и Бирото за регионален развој како и дел од Општина Прилеп кој треба да биде во завршна фаза до септември 2023г. Исто така во насока на подобрувањето на функционалноста на ПСОВ беше презентирано и тоа што, когенераторот за прв пат е ставен во функција за производство на ел.енергија од биогас од месец август 2022г.

Јавното претпријатие веќе има готов проект за фотоволтаици на кровна површина со моќност од 547kwp со што би се намалиле огромните издатоци на ПСОВ за електрична енергија. За овој предлог проект кој претставува енергетски ефикасно решение пројавија интерес претставниците на Европската банка за обнова и развој и се надеваме дека во блиско време ќе можеме да го реализираме истиот – стои во соопштението од ЈКП Водовод и канализација Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.