Жуниор Месиас е едно од најспоменуваните имиња во фудбалот деновиве. Од италијанската Сериа Д каде настапуваше пред 3 години, преку ланскиот прволигаш Кротоне, летово пристигна како засилување во Милан.
Има 30 години, а пред 6 години дошол во Италија и се вработил како доставувач на машини за перење.
Бразилецот во Милан пристигна на позајмица, која црвено-црните од Милано ги чинеше 2,6 милиони евра, со можност за целосен откуп на неговиот договор за 5,4 милиони.
Пред само три години настапувал за аматерски клубови од Сериа Д и Ц, а во Кротоне пристигнал во 2019 година. На 70 настапи за клубот постигнал 15 погодоци и 10 асистенции, а игра во средината на теренот и како полушпиц.
До 2015 година, или до неговата 24 година, Месиас играл фудбал од хоби, а сега ќе има шанса да го носи дресот на Милан и да заигра во Лигата на шампионите.
Освен доставувач на машини за перење, новото засилување на миланезите работел и на градилиште, како и доставувач на пици.