Прв пораз на Победа во новата прволигашка сезона: Прилепчани немоќни против Работнички во Битола

Победа го забележа првиот пораз во новата прволигашка фудбалска сезона во Македонија.

Во третото коло, црвено-белите беа поразени од Работнички со 0:2 на стадионот под Тумбе кафе во Битола.

Романтичарите до вториот триумф сезонава стигнаа преку головите на Остоја Стјепановиќ од пенал во 5-та минута и Петар Петковски во 60-та, после неуспешна офсајд замка на фудбалерите од Победа.

Прилепчани имаат 4 освоени бода во првите три кола и се наоѓаат на петтото место на табелата.

Во наредното коло, Победа му гостува на Силекс во Кратово.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.