Прашања од поранешен агент на ФИФА и УЕФА: “Што се случува со ФК ПОБЕДА?”

Неизвесноста околу иднината на ФК Победа продолжува да биде една од најактуелните теми меѓу прилепските љубители на спортот. Во меѓувреме, на социјалните мрежи со јавен повик за одговорност се огласи професионалниот спортски менаџер Александар Ѓорѓиески, сопственик на организацијата „Идеал спорт“ и поранешен агент на ФИФА и УЕФА, кој постави конкретни прашања до Општина Прилеп и до Сашко Попоски, чие семејство е мнозински сопственик на клубот.

Еве што јавно пишува Александар Ѓорѓиески

„Прашање до Општина Прилеп и Сашко Попоски

Дали ФК Победа ќе стартува во новата сезона?

Ако одговорот е ДА

-Кога започнуваат подготовките?

-Кој ќе биде тренер?

-Каков играчки кадар се планира?

-Кога стартува Младинската школа?

-Кои се целите на клубот?

Ако одговорот е НЕ

-Кои се причините?

-Кој е планот за иднината на ФК Победа?

И доста со „доколку“, „ќе“, „че“, „ама“, „тое“, „наскоро“, „ќе видиме“.

Навивачите, играчите и целиот град предолго чекаат. Доста е со празни изјави, шпекулации, гласини и одговори без суштина од Америка до Австралија не однесовте… доста со приказни.

Време е за јасен, конкретен и искрен одговор!

Времето одамна помина…

#стопзаполитикавоспортот“




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.