По 100 години чекање ова е најмоќниот ден во ноември: Замислете желба и очекувајте да ви се оствари!

Единаесеттиот ден од единаесеттиот месец вибрациски е секако силен, а бидејќи се наоѓаме во годината со број 11, овој 11. ноември ќе биде најмоќниот ден во последниве 100 години.

1111 или 11/11 поседува посебно духовно значење, бидејќи се верува дека тој број означува духовно будење и моќни нови почетоци.

Кога честопати гледате 11:11 на часовникот или кога ве привлекува бројот 1111, тоа често укажува на идна промена или будење кое се појавува на хоризонтот.

Ангелите, духовните водачи и Универзумот користат броеви како начин на поврзување и комуницирање со вас.

1111 обично го користат божествените суштества за да ви помогнат да ја изберете вистинската насока и за да ви го осветлат патот.

Во нумерологијата бројот 1 означува нови почетоци, но кога постои низа како датата 11. ноември (11.11), тоа создава силна енергија за денот која ни овозможува сите да се разбудиме со нов потенцијал.

Поради тоа, на 11. ноември е вистинско време да го проемните својот живот, да поставите намери или подлабоко да копате за да ја откриете вистината!

Нови будења, нови информации и ново ниво на просветленост – сѐ тоа е возможно на овој ден поради оваа енергија.

Ако чувствувате дека животот ви е успорен, ако се чувствувате болно и уморно од истите нешта, 11. ноември сигурно ќе ви донесе малку свеж воздух.

За да ја искористите енергијата на 11. ноември во своја корист, мора да ја активирате!

Мора да го отворите своето срце за енергија и да им посакате добредојде на вибрациите кои означуваат нов почеток.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.