Последната порака на Мирослав кој почина од студ – зборови од кои ќе ви се заледи крвта

smrznatmazh

Оваа порака ја испратил несреќниот човек во саботата наутро, но намирниците не успеа да ги дочека бидејќи соседите четири дена не можеле да се пробијат до селото.

– Гоци, тешко време е, ако можеш донеси ми месо, сок, некое пиво и леб…- оваа  порака ја испратил Мирослав Митиќ (64) од селото Долга Полјана, Србија на својот сосед Горан Филиповиќ од селото Краставец кој го снабдувал со намирници.

Филиповиќ утрово додека се обидувал да пристигне до селото со нарачените работи, Мирослав и неговиот татко Илија (89) ги затекнал смрзнати.

– Пораката од Мирослав ми стигна во саботата навечер, но патот до Долга Полјана беше завеан и тек утрово едвај успеав да се пробијам до тоа село. Тргнав со автомобил, но ми се скинаа ланците, па продолжив пешки. Го повикав Мирослав на телефон да ме пресретне бидејќи снегот беше длабок, нивната куќа беше целосно затрупана, но не се одѕва па кога успеав да се пробијам затекнав ужасна глетка. Таткото и синот беа целосно смрзнати.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.