Порно глумицата настрадала за време на хокеарска утакмица: Пакот ја погодил право во гради и ја истишил нејзината дојка (ФОТО)

Порно глумицата Миа Калифа (25) ќе мора “под нож” откако во април оваа година ја погодил пак на хокеарска утакмица, поради што и настрадала нејзината лева дојка.

Глумицата во филмовите за возрасни присуствувала на “Стенли купот” кога пакот кој се движел со брзина од околу 35 метри во секунда ја погодил право во градите, поради што и настрадал имплантот.

“Следев позади стаклото, но пакот префрли преку заштитната ограда и ме удри толку силно што не знаев што се случува. Беше тежок, чиста гума. Се фатив за градите и не ги пуштав, бидејќи чувстував дека ако ги испуштам насекаде ќе има крв”, рекла Калифа за американските медиуми и додала дека левата дојка и била малку истишена.

Сепак, ова искуство за неа не било толку лошо, затоа што, како што вели, пакот кој ја погодил го добила како сувенир.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.