Полицајка навредувана и физички нападната од 24 годишна девојка

Во текот на вчерашниот ден околу 14:40 часот во Скопје, полициски службеници ја привеле А.К.(24) од Скопје. Неколку минути претходно таа извршила кривично дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“, информираат од МВР.

На паркинг простор на улица „Крушевска Република“ полициска службеничка се обидела да изврши проверка на идентитет на А.К. , која претходно поминала на пешачки премин на црвено светло.

А.К. не застанала, ја навредувала полициската службеничка, ја оттурнала од себе и побегнала.

Неколку минути подоцна таа била пронајдена и приведена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.