Пожар и во населеното место Чумово: Горела викендица

Денеска бил пријавен и пожар во населеното место Чумово, каде горела викендица, а брзата интервенција на територијалната противпожарна единица Прилеп, спречила поголема материјална штета.

Од ТППЕ Прилеп информираат дека добиваат и по десетици повици на ден за пожари, кои најчесто настануваат поради палење на стрништа од страна на несовесни граѓани.

Претходно добивме информација дека активни пожари има во атарот на три прилепски села.

Пожар има во атарот на селата Царевиќ, Радобил и Топлица, а состојбата е најлоша во Мало Радобил и Топлица, каде како што дознаваме постои опасност огнот да дојде до населените места.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.