Патриотско Ропотово и оваа година традиционално, организира спектакуларен пречек на Илинденската коњаница. Пристигнувањето на коњаниците ќе биде на 30.07., кога со почеток од 18:00 часот во дворот на манастирот Св.Атанасиј ќе има и музичка програма.
Ќе настапат Благица Велјановска и Игор ТикТак, кои со убава македонска песна ќе им посакаат безбедно да стигнат во славно Крушево, на одбележувањето на 123-годишнината од Илинденското востание.
Организаторите ги повикуваат сите жители од соседните населени места, како и од околните градови, да дојдат во што поголем број. Заедно да ги пречекаме коњаниците, да им честитаме за храброста и упорноста која ги краси секоја година, и достојно да одбележиме 123 години од славните илинденски борби за слободна и независна Македонија.




























