Официјално: Економски крах во Македонија

Владата на СДСМ бележи поразувачки економски показател, рекордно ниска реализација на капитални инвестиции.

Македонската економија во 2018 година се соочува со целосен дебакал. За тоа говори последниот извештај на Министерството за финансии за извршување на Буџетот заклучно со 2018 година. Во извештајот стои дека за 6 месеци не се реализирани ни 17% од капиталните инвестиции, или поточно 16,65% кои се моторот на економијата во државата. Ова говори дека целата економија е во застој, штом државата не реализира ниту 17 % од предвидените инвестиции.

Ова покажува дека во Македонија се случува катаклизма на економски план. Владата на СДСМ не е способна да реализира за половина година ниту петина од зацртаното, што вероатно се должи на немањето капацитет да се реализираат крупни проекти во интерес на граѓаните.

Загрижувачки е што Република Македонија во овој период во кој не се реализира ништо се задолжи по различни основи за нешто помалку од 2 милијарди евра, а патем нема никакви проекти. Познавачите велат дека се тоне или стагнира, а само трошоците за живот растат, што несомнено го намалува стандардот на граѓаните.

Слабата динамика на реализација на капиталните трошоци која за пола година е помалку од 17% најавува дека растатот и за вториот квартал веројатно ќе биде повторно од 0 до 1% што говори дека Македонија тешко дека ќе го достигне проектираниот раст од 2,3% за 2018, кој владата на Заев помпезно го најавуваше во декември 2017 година исто како што најавуваше дека 2018 година ќе биде година на арст и капитални инвестиции.

Извор: kurir.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.