ОРБАН: “Нема Ангела Меркел да одлучува кој ќе живее во Унгарија !”

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денес дека германската канцеларка Ангела Меркел “не е надлежна” за бегалската политика на Унгарија. Тој порача дека владите на државите треба да одлучуваат за тоа колку бегалци ќе примат.

– Кога станува збор за тоа кој може да живее во Унгарија, Меркел не е надлежна – изјави Орбан во интервјуто за “Билд” објавено касно синоќа.

Тој вели дека би бил симнат од функција доколку спроведе бегалска политика слична на онаа од Меркел.

Тој предупреди дека секоја одлука која “испраќа порака на мигрантите да пристигнат во Европа, би можела да доведе до нова трагедија”, нагласувајќи дека ЕУ мора да ги запре луѓето пред да се обидат да пристигнат во Европа, како би “спасила животи”.

Во денешното интервју на државното радио, унгарскиот премиер ја поздрави идеата на поранешниот стратег на претседателот на САД, Стив Бенон, за новата антиевропска група, истакнувајќи дека било време некој од САД да дојде во Европа и да го шири конзервативниот начин на размислување, наместо либерални вредности.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.