Објавени платите на министрите во Владата: Еве колку зема секој од нив

Според она што може да се види на веб страната на Владата на Република Македонија, највисока плата за октомври добил Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, чија плата изнесувала 92.299,00 денари.

Со тоа тој е најплатен министер во владиниот кабинет и зема повисока плата од премиерот Зоран Заев, на кого минатиот месеци му се исплатени 88.161,00 денари.

Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска за октомври добила 79.150,00 денари, по што следува министерот без ресор Шапуриќ со плата од 77.825,00 денари, а потоа и вицепремиерите Хазби Лика и Бујар Османи, со 76.340,00 денари, односно 75.635,00 денари.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.