Вучиќ: “Србија не е диво племе да апси човек за кој немаше меѓународна потерница” (ВИДЕО)

Претседателот Вучиќ, кој синоќа гостуваше во емисијата „Кирилица“ на ТВ Хепи, изнесе официјални транскрипти, според кои Груевски ја преминал границата со Албанија со легална лична карта и дека за тоа знаеле македонските власти и МВР.

– Меѓународната потерница по Никола Груевски е внесена во нашиот систем три дена по бегството. Дури на 14.11. Па кого зезате сите? Барате од Србија да апси лице по кое нема потерница? Па што сме ние, диво племе, па да апсиме лице по кое не е распишана меѓународна потерница?! Наместо да се прашате кого сме пуштиле, кажете зошто олку чекавте за да распишете потерница.

Прашан кога последен пат се слушнал со Груевски, Вучиќ одговори дека тоа било за време на инцидентите во Собранието, кога Груевски од Виена побарал од него доколку може да се обрати и да повика на мир во Македонија.

“Инаку овие денови се немам слушнато ниту со него, ниту со некој од неговото опкружување”, рече Вучиќ

“Со Заев се имам слушнато 4-5 пати, мислам дека имаме воспоставено добар контакт”, додаде Вучиќ.

“Србија нема претензии кон Македонија, или кон поранешната југословенска Република Македонија, или Северна Македонија, јас веќе не знам како да кажам, а да не погрешам и некого да навредам. Ние прашавме како сакате да ве признаеме, така ќе ве признаеме”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.