“Обвинителката што гони НВО, молчи за Градоначалникот Јованоски и незаконските исплати и конкурси??”

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Ана Лашкоска на седницата на Собранието предвидена за пратенички прашања која се одржа во четвртокот, упати три прашања до премиерот на државата, Зоран Заев.

Второто прашање беше за распишаниот конкурс од јавно претпријатие во Прилеп за идејно решение за изградба на нов театар во градот.

“Меѓутоа не за нов објект, туку конкурсот кој го распишува јавно локално претпријатие е за доградба, надградба, реконструкција на објект кој припаѓа на Министерството за култура, и сето тоа се прави без одобрение на министерот, без одобрение на министерството, без одобрение на владата. За ова беше објавен конкурсот на страната на Бирото за јавни набавки. За избор на проектот е формирана и жири комисија.

Се поставува прашање кој ја формирал таа комисија, кој се тие луѓе во таа комисија и врз основа на кои критериуми се одбрани да се во таа комисија? Кој е тој, а не е министерот што распишува конкурс за објект во сопственост за Министерство за култура? Што презел министерот и како е можно ова да му се случува? Кадрите од СДСМ се поигруваат не само со нас со прилепчани, ами во конкретниот случај и со министерот за култура. Или можеби Владата одлучила национална установа да се префрли на некое јавно претпријатие?

Не се застанува овде се продолжува и понатаму. На оние што го добиле конкурсот секоја чест, на прво и второ наградените дури се доделуваат и парични награди, меѓутоа овде има прекршување на куп закони.

Ова е нешто, како за нашата дома семејна куќа, вие да си направите проект, па да правите реконструкција, надградба, а не сте сопственици. Овде јавно го повикувам јавното обвинителство и сите надлежни институции да отворат случај и да испитаат зошто и со која цел се прекршуваат законите во Република Македонија.

Искрено се надевам дека за овој случај истрага ќе побара и министерот за култура и тој ќе биде иницијатор за постапката. Имајќи во предвид дека се работи за еден од најдобрите театри во државата, господине премиер ве замолувам да вложите напор да се издвојат пари за нов театар во Прилеп, затоа што и глумците и граѓаните го заслужуваат тоа”, истакна Лашкоска од собраниската говорница.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.