Новo слатко задоволство од “Витаминка”: Доаѓа неодоливата “Sorry”

Во Едукативниот центар М6 во Скопје се одржа обука за продажните служби на Витаминка и презентација на новиот производ – елегантната бонбониера „Sorry“ на Витаминка.

„Sorry“ се состои од 16 пралини од млечно чоколадо исполнети со вкус на егзотична смоква. Со новата бонбониера на Витаминка може да се извините некому доколку сте му згрешиле или пак да си простите на себе што нема да одолеете на искушението да ја пробате превкусната чоколадна солза.

Ова бонбониера настана како соработка меѓу маркетинг агенцијата Навигаторс и најголемиот кондиторски производител Витаминка.

„Sorry“ за себе бидејќи ќе пробате од новата, превкусна и неодолова бонбониера.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.