Нов пад на ценитe: Од полноќ горивата поевтинуваат за 3, 5 денари

goriva

Бензините и дизел горивото од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 3,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 14,35, односно за 8,83 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 57,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98ќе се продава за 59,5, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 39 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 4 денари за литар и ќе чини 27,5 денари.

Со одлуката на РКЕ за 2,467 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 12,857 денари за килограм.

Како причина за намалувањето на малопродажната цена на нафтените дривати од РКЕ го посочуваат за 19,51 отсто пониската просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,143 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.