Невреме доаѓа кон Македонија – наместа се очекува пороен дожд до грмежи

Под влијание на циклонски систем со центар над Северозападна Европа, во текот на денешниот ден како и утре (понеделник), особено во попладневните часови, претежно во западната половина од Македонија, времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, анализира метеорологот Славчо Поповски.

Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и ќе има услови за појава на грмежи, како и засилување на ветерот во зоната на нестабилност.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 26 степени.

Од вторник се очекува постабилно време со утрински температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 10 степени, додека максималните дневни нема многу да се менуваат и ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 26 степени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.