Неверојатен гол на ѕвездата на Ливерпул: Салах погоди директно од корнер (ВИДЕО)

Мохамед Салах се уште се мачи да ја пронајде ланската форма, кога беше клучниот играч за добрата сезона на Ливерпул, каде тимот успеа да стигне до финалето во Лигата на шампионите, каде што изгуби во финалето до Реал Мадрид, може баш поради тоа што се повреди репрезентативецот на Египет.

Тој вчера на меч за неговата репрезентација покажа дека можеби е прашање на време кога повторно ќе почнеме да го гледаме како редовно ги „решета“ мрежите на противниците.

Тој на мечот против Свазиланд постигна гол и тоа не било каков гол, туку директно од корнер.

Погледнете ја мајсторијата на Салах:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.