На никого не му е јасно како таа има возачка: Удри автомобил на паркинг, а потоа направи нешто глупaво (ВИДЕО)

На паркинг навистина може да се види се, но снимката од една жена која се обидува да излезе од паркинг место е сигурно една од најбизарните.

Низ Фејсбук кружи видео од жена на која и требаа дури седум минути да излезе со својот Форд Фокус, а не стануваше збор за паралелно паркирање.

Се верува дека снимката е направена во Њујорк, а ја снимил маж кој седел на истиот паркинг во својот автомобил.

Возачките вештини на оваа жена најдобро ги осети Тојота паркирана покрај нејзиниот автомобил, кој добро го удри неколку пати, пред да успее да се извлече од паркинг место.

Во еден момент дури излегла од автомобилот и со помош на вода и марамче проба да го испере она што го удрила:

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.