На мотор низ 40 држави ја шират македонската култура и пораката на најдоброто пиво: Скопско низ цел свет (ФОТО)

Силвана и Антон Митреви се во мисија да го обиколат светот за една година. Нивната намера е да поминат 40 држави на сите континенти и тоа на мотор.

Нивната мисија ја започнаа на 20 јуни, а моментално се наоѓаат во главниот град на Узбекистан, Ташкент.

“Уште додека си бевме млад брачен пар сонувавме за топол дом исполнет со многу деца. Ама животот не ти бил желботека. Покрај сите можни обиди, не успеавме. Како и да е, после многу години, ние го предадовме тој фронт. Но, затоа почнавме да работиме на нашето поинакво првороденче. Проектот “Гушни го светот” е нашето прво дете. И знам, едностано чувствувам дека овој пат ќе успееме. Едноставно, ова наше првенче мора да се роди и да заживее”, со овие зборови на Фејсбук странта “Гушни го светот” Силвана Митрева ја најави нејзината и авантурата на нејзиниот сопруг која моментално е во тек.

На нивната авантура сретнаа многу различни култури, запознаа еден куп различни луѓе, но и ја шират нашата, македонска култура.

За да се успее да се совладаат толку големи далечини треба да се биде присебен и фокусиран, токму затоа нивната порака до сите моторциклисти е следна: “Не консумирај алкохол додека возиш”.

Скопска пивара го препозна нивниот ентузијазам, истрајност и посветеност, па ги поддржа во нивната мисија и  ширење на пораката за одговорна консумација на алкохол.

Во продолжение ви пренесуваме дел од досегашната авантура на Силвана и Антон:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.