НАЈАВА ЗА ГОЛЕМИ ВЛОЖУВАЊА ВО ФУДБАЛСКАТА ИНРАСТРУКТРУКТУРА ВО ПРИЛЕП

111

Пред извесно време, ревносниот и проевропски ориентиран градоначалник во градот под Марковите Кули, Марјан Ристески, заедно со членот на УО при ФФМ, и воедно претседател на ОФС на Прилеп и координатор за третата лига Југ, Марјан Стојкоски – Манта и Илчо Ѓорѓиоски, првиот човек во Македонската куќа на фудбалот, потпишаа договор за целосна реконструкција на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп.
Со овој проект, планирана е реконструкција на фудбалскиот храм во Прилеп, според УЕФА Хет-трик програмата 4, со комплетно нов терен со дренажен систем, осветлување по меѓународни стандарди, поставување 15.000 седишта и покривна конструкција над трибините. Инвестицијата од над еден милион евра, ќе биде готова до крајот на 2016 година. Но тука нема да се застане, туку ќе се продолжи со дообликувањето на стадионот со изградба на нова источна трибина од страната на старата болница. На тој начин, објектот ќе може да се користи за клупски и репрезентативни меѓународни натпревари.
Постои идеја, досегашната трева да се пренесе комплетно на игралиштето кај Металец, каде има одлична дренажа. Покрај него, за тимовите на располагање е и фудбалското игралиште на Могилата на непобедените и фудбалскиот стадион во близина на некогашната зоолошка градина, кој е со вештачка трева и исто така е проект на истите партнери. На Могилата на непобедените има играшиште со природна трева и рефлектори за ноќни тренинзи и натпревари. Таму претежно настапуваат тимовите од општинската лига, но по потреба го користат екипи од повисоките рангоги, како што се 11 Октомври и Победа. Исто така две години, во функција е, фудбалското игралиште со вештачка трева во близина на некогашната зоолошка градина, каде има прекрасен рамен терен ограден со висока мрежа. Има и соблекувални и рефлектори. Овој терен го користат двете генерации од Спортската гимназија – фудбалска академија, како и сите категории од школата н фудбалскиот клуб Победа. Исто така, најавена е реализација на слични проекти и во населените места, кои гравитираат ви рамките на ОФС Прилеп: Алинци, казнатларци и Големо Коњари. Се очекува и на овие фудбалски игралишта да бидат постравени рефлектори, каде во иднина ќе можат да се одигруваат и ноќни натпревари. Претходно беше комплетно изградено и во функција е прекрасното игралиште во Тополчани.
Прилеп е само еден од градовите, каде е збогсатенс фудбалската инфраструктура. Низ државата беа или се во тек работите на повеќе стадиони кои се според УЕФА критериумите. Станува збор за објектите во тетово, велес, штип и Битола, а ао оваа прилика да не заборавиме на најрепрезентативната инвестиција – стадионот Арена Филип Втори во Скопје, каде во 2017 година, ќе се игра европскиот Супер Куп во организација на УЕФА.

Дипл. Екк. Рубинчо Јованоски
Прилеп

 

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.