Модниот избор на Велевска во Прилеп, го испроба и Карлеуша (ФОТО)

Елена Велевска позитивно ја шокираше публиката со појавувањето како гостин во ревиалниот дел на фестивалот “Мелфест”.

Кроп топ, црни кожни панталони од познат светски бренд, беше модниот погодок на Велевска. По само три дена единствената модна икона од Југоисточна Европа, Јелена Карлеуша на снимање на една емисија се појави во буквално ист стајлинг.

Фотографиите како доказ постојат, а истото можете и сами да го видите на нивните Инстаграм профили.

Честопати медиумите знаат да ја обвинат Велевска дека знае да ја копира Kaрлеуша, но овојпат вистината е сосема поинаква.

Дали станува збор за случајност, ние не може да знаеме,но времето ќе покаже.

Пред само неколку дена Сергеј Варошлија во својата емисија негативно го прокоментира стајлингот на Велевска на минатогодишното издание на Фолк фест “Роса„.

Како ли сега ќе бидат коментарите за ова издание, останува да видиме во наредните изданиа на “Мода„.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.