Младите пијанисти извонредни: Музичкото училиште од Прилеп расадник на таленти и посветени ментори

Младите пијанисти од музичкото училиште “Ордан Михајлоски-Оцка” од Прилеп направија бум на меѓународниот натпревар „Даворин Јенко“ во Белград Р. Србија. Талентираните прсти на учениците се закитија со 5 награди, на натпреварот каде учевствуваа натпреварувачи од: Австрија, Словенија, Србија, Хрватска, БиХ, Црна Гора и Бугарија.

BeFunky 123123

Мајсторски подготвени од нивните ментори, овие ученици се секогаш меѓу првите во својата генерација и изнудуваат воздишки и аплаузи на секоја сцена каде ќе се појават.

Во Белград од класата на професорката Христина Никоска, Арсениј Ангелески се закити со прва награда, Марија Котеска со втора, а Исидора Ангелеска доби Пофалница.

“Учениците се покажаа во вистинско светло, сите се доста талентирани и ги освоија симпатиите и аплаузот на публиката. Со сигурност од нив ќе израснат големи уметници кои ќе живеат со музиката”, не го криеше своето задоволство професорката Христина Никоска.

16754594_10210439166886949_1304451465_n

Освен што се дружат со класичната музика на часовите, учениците ни открија дека се вљубени во неа и дека ја слушаат и дома. Велат дека не е тешко да се музицира и да се свири класична музика, едноставно уживаат.

Второнаградената Марија Котеска е ученичка во ООУ “Koчо Рацин” и освен што одлично свири, работи и на компонирањето, каде веќе има создадено една композиција.

Арсениј Ангелески, малиот виртуоз не плени со неговата насмевка. Неговата срамежливост пред микрофон, не значи ништо пред пијаното. Долга е листата на награди кои има освоено ова момче. Неговиот омилен композитор е Франц Лист.

Исидора Ангелеска не е ништо помалку вљубена во музиката и пијаното. Напорно работи за следните предизвици, а особено на приемниот испит за средното музичко училиште.

16779730_10210439165566916_439097245_n

Со втора награда се закитија и Дафина Момироска од класата  на професорот Денис Најдоски и Анастасија Петреска од класата на професорот Кире Гаралоски.

16779783_10210439169967026_500969658_n

16787951_10210439165806922_1186066026_n

16788073_10210439165286909_2131769195_n

Музичкото училиште неодамна го доби и својот нов изглед, се изврши компетно реновирање после 93 години од постоењето на објектот, а исто така со донации и сопствени средства беше набавено и ново концертно пијано.

6214-novo-koncertno-pijano-960x600-1

MG_1701

“Се трудиме да бидеме присутни на сите натпревари и да им обезбедиме на учениците целосен музички развој. Новите услови за работа и новото концертно пијано целосно го подобрија работењето и функционирањето на училиштето, а резултатите од тоа се видливи”, истакна директорот Игор Николоски.

Малку се сите зборови да се долови талентот на овие деца. Доволно е да се каже дека навистина не убедија во нивната посветеност и би рекле тврдоглавост за успех. Имаат големи планови, а уште понапорно работат за да ги остварат тие планови. Им посакуваме плодна музичка кариера пред нив и уште поголеми успеси во иднина.

Нареден предизвик за овие млади пијанисти е Државниот натпревар во главниот град.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.