Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстaви со сите политички и правни средства против овој капитулантски договор

Зоран Заев на Македонија и донесе таканаречен договор за капитулација. Ова значи дека секој еден збор на Зоран Заев не вреди, секој негов став, изјава не вреди ништо и дека лагата, измамата и манипулацијата е неговото примарно делување, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицскоски на денешната прес-конференција.

-Во само неколку месеци тој направи драстично менување на ставовите, но таа негова смена и прави непоправлива и неповратна штета на нашата татковина, Република Македонија. Овој пат влогот не се компаниите од Струмица или пак некои фамилијарен бизнис или државни тендери кои по правило ќе завршат кај некој од власта, овој пат цената на неговото капитулантско дело ќе ја платат граѓаните на Република Македонија и ќе ја плаќаат со нивното достоинство и чест, истакна Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека ова е апсолутен пораз за македонската дипломатија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.