Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето гостување во „Отвореното студио“ на МТВ истакна дека власта на пензионерите со најновите законски измени директно им ги скрати пензиите за околу 500-тини денари секој месец.
Тој напомена дека 300 илјади пензионери во Македонија останаа со пензии пониски за три проценти, сума која како што вели тој можеби не значи многу за функционерите на власта, но значи многу за македонските пензионери.
– Интевенционистичко, рестриктивно наметнато решение од страна на Владата па ги плаќаат тие минимални плати, доведе до зголемен пораст на просечната плата.
И сега во моментот кога вие од истото ова чекмеџе ќе треба да земете и дадете за пензиите и тогаш немате. И тогаш што правите, ајде ќе ги кратиме пензиите.
Да точно е на неколку илјади вработени им се зголеми минималната плата, но 300 илјади пензионери останаа со скратени најмалку три проценти пензија, а три проценти е 500-тини, 600-тини денари секој месец.
За пензионерите тоа значи, можеби за политичката елита во државава од СДСМ тоа не значи, но за многу пензионери тоа значи, вели Мицкоски.