“Лиле Попоска од ДОМ денес со радикален протест против Градоначалникот на Аеродром???”

Жителите на скопската општина Аеродром од полноќ на социјалните мрежи постираат фотографии и видеа од багери кои ноќеска почнале да копаат на парцелата кај Мајчин дом, каде се планира голем станбено-деловен објект.

Револтот на граѓаните е насочен кон градоначалникот на Аеродром Златко Марин кој за време на кампањата за локалните избори бараше неговиот претходник да го повлече планот за изградба на овој објект, а сега самиот го дозволил.

Жителите за денеска во 17 часот најавија протест и бараат оставка од Марин за неисполнетите ветување.

Oд партијата ДОМ на Лиле Поповска иако се залагаат за чиста и здрава животна средина, богата со зелени површини, преку соопштение само го повикаа градоначалникот на општина Аеродром да изврши ревизија на Деталниот урбанистички план кај “Мајчин дом”, без да повикаат на излезеност на денешниот закажан протест.

На отпочнувањето со градба на висококатницата, реагираа и од ОК ВМРО-ДПМНЕ Аеродром:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.