Лакрдија на Павле Богоевски за мандатот на Груевски (ВИДЕО)

Со 5 гласа ЗА од вкупно 9, Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, го усвои барањето на Судот за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски. Претседателот на комисијата Павле Богоевски во неколку наврати се збуни и не знаеше каква е процедурата на гласање па дури и се обрати кон некој од присутните посочувајќи прст со зборовите „Гласај!“. Потоа се повтори гласањето, но Богоевски заборави дека ова одеше во живо, така што од видеозаписот може да се уверите за веродостојноста на гласањето.

Тој рече дека во матичната комисија се дискутирало за барањето потпишано од судијката Добрила Кацарска, со образложение дека тој не е достоен да ја врши функцијата пратеник, бидејќи е казнет за кривично дело во случајот Тенк.

Од друга страна, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељановски, ова го нарече политички монтиран процес. Според него, станува збор за возило со кое биле превезувани и се превезуваат странски гости. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се против одземањето на мандатот.

По неговиот говор, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти салата. На комисиската расправа присуствуваа и дел од пратениците кои беа исклучени од опозициската партија поради гласањето на потребата за уставни измени. Немаа право да гласаат, но имаа право на збор. Сашо Василевски во името на независната пратеничка група, оцени дека денешната дебата е избрзана. Тој порача дека тие се против одземањето на пратеничкиот мандат на Груевски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.