Кој е Виктор Орбан, лик на векот во Унгарија

Виктор Орбан е роден на 31 мај 1963 година во селото Алцутдобож во централна Унгарија. Тој се смета за првиот политичар после Студената војна кој застанал на една држава од источна и централна Европа кој претходно не бил дел од комунизмот.

Орбан се стекнал во диплопа по право на Универзитетот во Будимпешта во 1987 година, оженет е и има 5 деца.

За прв пат станал пратеник и дел од новото Национално Собрание во 1990 година. Орбан е основач на политичката партија “Фидес” (Унгарски национален сојуз) која ја води и денес. Партијата која ја води Орбан е демохристијанска десничарска партија.

На изборите во 1990 година, партијата успеала да освои незначителен број на седишта во парламентот, а истото се случило и на изборите во 1994 година.

Тогаш Орбан ја насочил неговата партија кон централно-десничарските партии формирајќи алијанса со уште неколку други блиски по идеологија партии.

Ваквиот потег се покажал клучен кога во 1998 година, Фидес добила најмногу пратенички места, па заедно со уште две други партии Орбан за прв пат бил избран за премиер на државата.

Орбан се повлекол од лидерската позиција во Фидес кога во Јануари 2000 година, на конгрес на партијата било изгласано одделување на позицијата премиер со функцијата лидер на партија.

Во 2002 година Фидес ќе ги загуби изборите од Социјалистичката (MSzP), а брзо потоа Орбан е избран за потпретседател на Европската Народна Партија.

Во 2003 година Орбан се враќа на претседателската позиција во Фидес, но кога во 2006 година неговата партија повторно ги губи изборите, членството бара негова оставка.

Сепак, многу брзо потоа Орбан одново стекнува популарност. Кога јавноста открива дека владеачката партија лаже за економската состојба во која се наоѓа дражавата, во Унгарија започнуваат масовни протести, а Орбан ги поддржува истите на почетокот, се до моментот кога тие ќе станат насилни.

Во јуну 2009 година, Орбан е реизбран за лидер на Фидес. Истиот месец партијата освојува 14 од вкупно 22 пратенички места во Европскиот Парламент за Унгарија.

Државата продолжува да тоне поради лошата економска политика на владеачката партија, па на изборите во април 2010 година, Орбан одново станува премиер на Унгарија.

Партијата победува и на следите два изборни циклуси во 2014 и 2018 година, а Унгарија конечно се движи во позитивна насока и рамо до рамо со големите европски земји.

Пред неколку дена Орбан посочи дека до 2030 година, Унгарија ќе биде топ 5 европска економска сила.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.