Како да привлечете пари во Новата година

fwgrehrtjsytkjtukuyk

Фенг шуи ве советува како годината да ви биде побогата. Црвената боја ќе биде таа која треба да ви донесе среќа и просперитетна година.

Црвен паричник

Новиот паричник симболизира дека сте подготвени да примите ново богатство во Новата година (како материјално така и духовно), а црвената боја ќе ви помогне да привлечете добри вибрации.

Црвена облека

Фенг шуи советите гласат дека на новогодишната вечер треба да носите црвено. Тоа не значи дека облеката мора да е црвена, туку барем еден детаљ на вас.

Црвени обувки

Обувките се поврзани со одењето кон подобри ситуации, затоа со ваквиот модел бидете сигурни дека ќе зачекорите кон подобро утре.

Златен накит

Носете барем некој дискретен златен накит, тој привлекува пари, затоа во новата година не заборавајте на и овој златен детаљ.

Нов часовник

Часовникот симболизира дека се движите напред, затоа со купувањето на нов часовник ќе привлечете и нова позитивна енергија. Макар тоа да биде и најобичниот и најевтиниот.

Голема чанта

Чантата симболизира дека очекувате добри нешта, затоа е потребна голема чанта во која би ги сместиле сите благодети на овој свет.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.