На интернет стана виpaлна каратата на Европа која опишува како во една реченица можете да го изнервирате било кој Европјанин.
Така Србите можете да ги изнервирате со реченицата дека Тесла е Хрват, додека Словенците, Хрватите и Македонците ќе се изнервираат со констатацијата дека биле алпски, католички и јужни Срби.
Романците најбрзо би се изнервирале доколку им кажете дека имаат преубава држава и дека Будимпешта е прекрасен град (разбирате за што станува збор), а Британците доколку им речете дека Фокландските острови се аргентински.
Шпанците доколку ги прашате дали се Латино Американци, а Португалците ако ги прашате дали зборуваат бразилски.
Чесите и Словаците ќе ги извадете од такт ако им речете дека се источни европјани, а балтичките народи ако ги поврзете со Русија. Турците најмногу ќе се налутат ако им речете да ви преведат некоја реченица на арапски.