ИСТИТЕ КОИ ГО СУДЕА ЈАНЕ ЧЕНТО СЕГА ГО СУДАТ НЕГОВИОТ ВНУК: Адвокатите велат дека обвинетите се млади луѓе со големо срце

Адвокатот на тројцата обвинети за крвавиот четврток, Сашо Христовски Липски, во одбраната на Стефан Младеновски, Михаил Младеновски и Захарие Симовски рече дека биле млади луѓе со големо срце.

„Лично сум убеден дека предметот е политички мотивиран“, рече адвокатот.

„Патриотизмот не е казна. Татковината ни е една и единствена“, додаде Липски. Според адвокатот, во овој предмет немало наредби, фантомки и организација, имало само спонтаност, која ги врзувала сите граѓани кои биле присутни пред и во Собранието.

Судијката Кацарска на крајот од воведниот говор го опомена адвокатот никогаш повеќе да не и’ се обраќа со зборовите „драга претседателке“.

Адвокатката на обвинетиот Јане Ченто внук на Методија Андонов Ченто, Валентина Тодоровска, рече дека Јане не го сторил кривичното дело што му се става на товар. Таа рече дека Ченто е правник, работел во Владата и е родител на едно дете. Тодоровска пред судот рече дека Јане Ченто бил во Собранието, но не според описот на обвинението, туку како дел од толпата.

Извор: “Инфомакс”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.