Иконата на прилепска Победа ја прокоментира состојбата со прилепскиот фудбал: “Се променија критериумите, сега сме среќни со опстанок”

На објавата на Маркукуле, преку која се потсетивме на најдобрите времиња на прилепска Победа од осамостојувањето на државата, денешната состојба со прилепскиот фудбал ја прокоментира легендата на шампионскиот тим на Победа во сезоната 2003/2004, Николче Здравески.

СЕЌАВАЊЕ НА МОЌНАТА ПОБЕДА: 11 јули 1999 година Победа-Перуџа на Градски во Прилеп

Статијата е потсетување на натпреварот од Интертото купот во 1999 година, кога Победа се сретна со моќниот тим тогаш на калчолигашот Перуџа.

Коментарот на Здравески гласи:

“Ете тоа беа вистински времиња. Нека погледнат помладите симпатизери на клубот. За ова живеевме. А не за опстанок на клубот. Се променија критериумите. Сега сме пресреќни со опстанок. Ние повозрасните бевме незадоволни ако сме биле втори или ако не освоиме куп. А сега вас навивачите ви се чудам кој ви е критериумот? Опстанок? Е затоа сме таму кај што сме. За жал! Имам уште многу да пишувам. Ама не би сакал да бидам погрешно сфатен. Размислете малку…”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.