За ПР експертите од Општина Прилеп до лани беше сељачка манифестација?? Еве ја програмата за “Пивофест”!?

Иако сеуште не е потврдена преку прес конференција, на социјалните мрежи се прошири флаерот со програмата за овогодинешното издание на фестивалот на пивото и скарата во Прилеп, “Пивофест 2018”.

Според она што е најавено фестивалот ќе се одржи од 12-15 јули, а ќе настапуваат:

Во четврток: Слаткар, Ван Гог и Кирил Џајковски.

Во петок: Дарио, Бени и Нон Стоп, Црвена Јабука и Ромео Бланко.

Во сабота: Прилепски бенд, Некст Тајм, Даниела Мартиновиќ и Жељко Јоксимовиќ.

Во недела: Либеро Бенд, Куку Леле, Џенан Лончаревиќ и Шабан Шаулиќ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.