ЖЕСТОК БАЛКАНЕЦ! Направил 2370 склекови за еден час, а сега ќе се бори за нов светски рекорд во уште потешка дисциплина (ВИДЕО)

Светскиот рекордер со 2370 направени склекови за еден час, тргнува во поход да собори нов Гинисов рекорд во уште потешка дисциплина.

После напуштањето на српската војска, иако бил еден од најпризнатите припадници, за Срџан Ристиќ (36) тоа останува зад него.

Гинисовиот рекордер во склекови и најдобар војник на српската војска за оваа година, незадоволен од својот статус, ја раздолжил својата униформа и пушка, но и понатаму е посветен на спортот, па планира на Србија да и поклони уште еден историски момент и да собори уште еден тежок Гинисов рекорд.

Се работи за рекорд во дисциплината “burpee pull up”.

“Се работи за многу тешка дисциплина која започнува со склек, потоа следува скок и на крајот се прави згиб. Ова е фактички една од најтешките дисциплини, а јас ќе се обидам да го соборам рекордот кој на 12 мај оваа година го постави Џејмс Еверет од Австралија. Тој во предвидениот рок од 60 секунди успеа да направи 20”, вели Ристиќ кој својот зафат ќе го направи оваа година во Црна Гора.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.