Еве колку Македонци ќе одат на Марс !

НАСА денес ја лансираше ракетата “Инсајт” во која има чип со 2.429.807 имиња од луѓе, меѓу кои има и 1261 имиња на луѓе од Македонија, кои испратиле пораки на сајтот на НАСА.

На сајтот на американската агенција за истражување на вселената пишува дека слетувањето на роботот на површината на Црвената планета се очекува во ноември.

“Исајт” е лансирана на Марс во 4 часот по локално време, а станува збор за првата меѓупланетарна мисија која е стартувана од западниот брег на САД.

Се наведува дека со користење на софистицирани инструменти “Инсајт” ќе се обиди да одговори на прашањата за настанокот на планетите слични на Земјата. Нејзиниот робот, кој би требало да помине две години на Марс, поседува два инструменти кои би требало да го мерат “пулсот” на Марс, како и активностите на планетата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.