ЕВЕ ЕДНА ПРИЈАВА ДО МВР: Член на владејачката партија ги фотографирал калуѓерките од Рајчица додека гласале за да ги искористи во кампања!

Членови на владејачката партија денеска за политички цели и агитирање ги злоупотребиле калуѓерките од манастирот Свети Ѓорѓија во селото Рајчица во Дебар, објавува „Експрес.мк“.

Како што објавува порталот, многу е веројатно член на избирачки одбор од една партија или лице на кое што избирачкиот одбор му дал дозвола да фотографира ги сликал калуѓерките додека гласаат и потоа ги објавил на социјалните мрежи.

Дури и калуѓерките да дале дозвола да бидат сликани членот на партијата не смеел да ги објавува нивните фотографии ниту воопшто да фотографира во просторија каде што се гласа.

МВР пред два дена упати предупредување до сите граѓани дека ќе преземе најстроги мерки против сите кои што фотографираат граѓани на избирачките места.

Според информациите на expres.mk иако локалната полиција во Дебар каде што се наоѓа манастирот Рајчица и избирачкото место каде што се случил инцидентот, знае за манипулацијата не презела никаква активност за спречување ниту пак досега е уапсен човекот што ги прекрши изборниот законик и предпредувањето на МВР.

Извор: инфомах




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.