Досие.мк: Двегодишното дете од Прилеп починало од заразен менингитис, било на гости во Македонија ,а живеело во странство

Двегодишно дете вчера починало на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Детето било донесено со болничко возило во 11:30 часот од Прилеп со тешка менингококцемија со флуминантна пурпура или сепса – пишува “Досие.мк”

Директорка на Универзитетската клиника за инфективни болести и фербилни состојби во Скопје, Милена Стевановиќ изјави дека болеста почнала неполни 24 часа пред приемот на детето, кое било на педијатриското одделение во Прилеп каде ја добило иницијалната терапија и во консултација со инфектолог било упатено на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Детето на Клиниката веднаш било однесено на интензивна нега.

– Земени се потребни микробиолошки следувања и започнат е интензивен третман, но болеста за жал заврши со смртен исход во 18 часот и 15 минути, рече Стевановиќ, додавајќи дека станувало збор за многу тешка клиничка слика на болест предизвикана од бактеријата нисерија менингитис.

Детето живеело во странство и било на привремен престој во Македонија во изминатиот месец или месец и половина и најверојатно болеста ја добило тука.
Се работи за заразно заболување кое се пренесува со близок конктакт.

Целиот текст прочитајте го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.