ДЕФЕКТОТ НА СУДСКИОТ СИСТЕМ НАРЕЧЕН СПЕЦИЈАЛНО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО

13045696_10207728123335499_725875_n

Досегашното искуство од работата на Специјалното јавно обвинителство покажа дека тоа е намерно инсталиран дефект во судскиот систем на Р.Македонија. Но, и покрај тоа што ова изгледа голем проблем, може ли да се замисли подобра вест од таа дека од неговото дејствување не можеме да изгубиме, туку, напротив, ќе добиеме. Парадоксално, но вистинито. Кога сфативме дека Специјалното јавно обвинителство е намерно инсталиран дефект во судскиот систем на Р. Македонија наменет за остварување на специјалните лични интереси на домашните предавници и странските предатори на вредностите од македонската држава, тогаш научивме нова лекција, односно сфативме од каде доаѓа гушењето на македонската нација. Всушност, спознанието на Специјалното јавно обвинителство како намерно инсталиран дефект во судскиот систем на Р.Македонија стана причина за спознавање на доброто и злото за нашата држава.

Посебен придонес и признание за ова спознавање има ликот и делото на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Истата, сè додека се криеше зад називот специјална јавна обвинителка и  “компетенциите“ запишани во незиното CV, и сè додека успеваше да одбегнува настапи во парламентот и јавноста,  како јавност немавме можност да ги инспектираме (видиме во вистинско светло) неjзините лични мотиви, капацитети, квалификации и склоности. Исто како што ловџиите не знаат колку е голем зајакот сè додека тој се крие зад грмушката, така и ние не можевме да донесеме вистински суд за личните компетенции и наклонетости на специјалната јавна обвинителка.

Благодарение на предизвиците што ги исправија пред неа медиумите и пратениците во парламентот, јавноста доби можност да согледа “кого толку многу скапо го плаќа“?, односно спозна за кого постои и на чии интереси им служи таа со нејзината улога како специјална јавна обвинителка. Спознавме дека ниту може, ниту знае, ниту сака и ниту им служи на суштинските интереси на македонскита нација. Всушност, бенефитот од незиното работење е лекцијата што ја научивме како јавност дека Специјалното јавно обвинителство е намерно инсталиран дефект во судскиот систем на Р.Македонија наменет за остварување на специјалните лични интереси на некои домашни предавници и странски предатори на суштинските вредностите на македонската нација и држава.

Да не звучам тенденциозно, не дека во судскиот систем на Р.Македонија нема вакви “атрибути“ кои што подлегнуваат на синтагмата “кога ќе дојделе на власт сдсмовците…ќе јаделе живи луѓе???“, пак, и заради тоа од сопствената професија прават вистинска папазјанија. Но, кадровската диференцијација во судскиот систем на Р.Македонија е редовна и системски инсталирана активност заснована врз стандарди и критериуми за процена на квалитетот од работењето на извршителите, а не врз основа на заканувачки синтагми од типот „кога ќе дојдеме на власт…“, креирани од залутани политичари.

Исто така, се покажа дека активностите и “уметничките“ креации на шарената револуција и дејствувањето на специјалното јавно обвинителство наоѓаат заеднички именител во синтагмата „кога ќе дојдеме на власт живи луѓе ќе јадеме“. Демонстрирајќи лажна сила безидејните водачи на веќе, издишаната шарена револуција, со обновените активности се обидоа да соберат бенефит со заплашување на судските институции преку нивните “уметнички“ креации и синтагмата „кога ќе дојдат на власт живи луѓе ќе јадат“ доколку не им служат на фингираните обвиненија на Специјалното јавно обвинителство.

Без амбиција да се докажувам за нешто што, веќе е очигледно, а имајќи ги предвид сите настани поврзани со борбата за гола власт на македонската опозиција, конечно, можеме да го заклучиме следното:  дека и синтагмата „кога ќе дојдеме на власт ќе јадеме живи луѓе“, и активностите на воајерскиот хуманизам манифестиран преку презентирање на прислушкувани разговори на носителите на државни функции, и дејствувањето на Специјалното јавно обвинителство, и таканаречената шарена револуција, и намената на терористичката група уништена во кумановско Диво Насеље, и паничните ветувања на лидерот на македонските социјалдемократи за благодетите што ќе му ги донесел на албанскиот електорат доколку тие го гласаат за да дојде на власт, сè облик на општествен садо-мазохизам со кој што се афирмира нарцисоидната политика на којашто и недостасуваат способност вистински да се сака сопствениот народ и капацитет за креирање на  јавни политики кои што ќе овозможат еволутивен раст на македонската држава и нација.

Таква е шемата на комуникација на македонската политичка опозиција со сопствената нација:

…закани…лажење…притисоци…користољубие…лични интереси…манипулации………….

Каква им е комуникацијата со нацијата такво им è и владењето-за среќа одамна не биле на власт, а како ми изгледа уште долго ќе треба да “постат“ за да добијаат таква обврска.

Д-р Зоран Петрески

Авторот на текстот е доктор на науки по јавна администрација

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.