Денеска пеколно топло – во четврток нова промена на времето

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло време со мала до умерена локална облачност.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 20 степени, а дневната температура од 27 до 37 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Утринската температура ќе достигне до 18, а дневната температура до 34 степени.

Во четврток особено во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд и појава на грмежи повеќе во јужните и западните делови од земјата, а зголемената облачност ќе остане и во ноќта кон петок.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.