Грст медали за пингпонгарите од ППК Mладост 96 на Државните првенства изминатиов викенд во Битола

Викендов во Битола се одржаа три Државни првенства во категории до У19, У13 и У11 години. ППК Младост96 учествуваше во две од трите категории и тоа во У19 и У13, каде членовите на клубот освоија голем број на медали.

Во У19 женски Софија Хасану која е позајмена од градскиот ривал Младост го освои второто место и стана вицешампион на Македонија. Во финалето загуби од Фани Јованоска од ППК Крушево со резултат 3-2.

Бронзен медал освои играчот на Младост96 Васе Богоеска, која во полуфиналето исто така со 3-2 загуби од државниот првак Фани Јованоска.

Во игра на двојки, државен првак стана Васе Богоеска, која со Сара Стојановска од Крива Паланка убедливо ги победија сите свои противници. Софија Хасану и Емилија Маркоска го освоија третото место и бронзениот медал.

Во игра на мешани двојки, исто така државен првак стана Софија Хасану, која со играчот на Младост, Нико Доага, го освоија убедливо првото место. Трето место освои и Васе Богоеска, која со Даниел Главевски од ППК Пелагонија, стигна до бронзениот медал.

Играа уште и Лука ОГненоски и Камелија Стојческа. Радува фактот што Лука Огненоски иако не освои медал, достојно се носи со најдобрите во младинска конкуренција, каде се пласираше во 1/8 финалето.

Во категорија У13 повторно грст медали на играчите на Младост96. Во поединечна конкуренција бронзен медал освои Мартин Ристески, кој во полуфиналето загуби од Л.Гидалов со 3-2, иако имаше водство од 2-1 во сетови. Позајмениот играч на Младост Трајче Маркоски го освои третото место и бронзениот медал.

Давид Јоноски во борба за медал загуби од Мартин Ристески во 1/4 финале. Играше уште и Огнен Илиески. Во игра на двојки Ристески-Јоноски се закитија со сребрен медал и станаа вице шампиони во таа категорија. Трето место освои Трајче Маркоски и Пармачки од Берово.

Се’ на се, одличен настап на играчите на Младост 96 на Државните првенства. Она што вреди да се напомене и одличната вест која ни ја потврди Потпретседателот на ППФМ Златко Рикалоски, дека Македонија ја доби организацијата на Европското Првенство за сениори до 21 година, кое ќе се одржи во јануари 2024 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.