Германија го проширува системот за работни визи поради недостиг на работници

Германската влада соопшти дека го проширува системот на шестмесечни визи, овозможувајќи им на луѓето надвор од ЕУ да побараат работа во оваа земја.

Ова се случува во време кога германските власти очајнички се обидуваат да се изборат со недостигот на квалификувана работна сила.

Министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер изјави дека визите што моментално им се достапни на факултетски образовани луѓе ќе бидат проширени на луѓе со квалификации за одредени професии, објави „Асошиетед прес“.

Зехофер исто така истакна дека Германија не сака „имиграција во системот за социјална помош“, така што барателите на виза мора да докажат дека ќе можат сами да се грижат за себе и да зборуваат германски.

Министерот за труд Хуберт Хајл рече дека владата го усогласила и „прагматичното“ решение за одбиените баратели на азил кои имаат работа во Германија и се добро интегрирани.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.