Временска за цела недела: Доаѓа вистинска пролет

1

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од – 2 до три, а максималната од пет до 11 степени.

Во Скопје слично време со температура од нула до осум степени.

До крајот на неделата ќе преовладува сончево време со мала локална облачност и слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Утринските температури наместа ќе бидат негативни, најниски во вторник, од -6 до два степена. Под влијание на топла воздушна маса ќе бидат во покачување, исто и дневните кои во петок ќе се движат од 12 до 18 степени.

2




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.